-->
-->
Жетвата на оризот во Кочанско реализирана со 70 проценти
-->
Поволните временски услови последните десетина дена им одат во прилог на земјоделците од кочанскиот регион кои забрзано ја привршуваат жетвата на оризовата култура. Од насеаните 4.850 ха во регионот од Кочанско, Виничко, Штипско и Пробиштипско, годинава се очекуваат просечни приноси по 5000 килограми од хектар. Досега жетвата е завршена на 70 насто од површините.
Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани истакнуваат дека во Кочанскиот производен регион од засеани 4.300 хектари, а досега се ожнеани 72 отсто од површините. Приносите на одделни површини се движат од 4.500 до 5.000 килограми од хектар.
Годинава подобри приноси има кај турските сорти ориз, но, не изостануваат по приносите и домашните сорти ориз Ер 76, Прима Риска и Монтеса, како и сортите Монтичели и Кочански. Жетвата на оризот се очекува да заврши за десетина дена.
Паралелено со жетвените активности кај оризот, во Кочанско се интензивира и есенската сеидба. Планирани за сеидба се 6.400 хектари од кои најголеми површини се планира да бидат насеани со житни култури-пченица, јачмен и рж вкупно 6.100 хектари. Досега есенската сеидба во Кочанско е реализирана со 36 проценти и се очекува таа да биде интензивна во наредните две недели. Од Подрачната единица на МЗШВ на Кочани информираат дека досега целосно е завршена есенската сеидба кај фуражните култури на 130 хектари и кај афионот кој по пауза од неколку години повторно се враќа на полињата во Кочанско и е насеан на површина од 10 хектари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници