Балкан
9. March 2018 - 16:46

Жестока дебата на Ципрас и Мицотакис за името во атинскиот Парламент

Жестока дебата на релација Ципрас -Мицотакис во грчкиот парламент за спорот за името. Лидерот на Нова демократија ја обвини Владата дека не може да изгради единствена позиција околу ова прашање, поради несогласување меѓу коалиционите партнери. Тој го запрашал премиерот каков ќе биде официјалниот став на Грција на следниот самит на НАТО, кога се знае дека министерот за одбрана Каменос има различен страв од шефот на владата. Мицотакис го нападна Ципрас дека со Заев не разговара како лидер на парламентраното мнозинство, туку како лидер на Сириза.

– Уште од прв момент ви рековме, зошто влегувате во овој разговор кога го немате обезбедено минималниот неопходен предуслов за да има заемно прифатливо решение, а тоа е промена на Уставот. Прво ни се потсмевавте, а потоа дојдовте на нашата линија. За сега, да излезе господинот Заев и со огромна храброст да побара промена на грчкиот Устав, како одговор на тоа што ние му го кажавме.

Ципрас  повтори дека Грција нема да отстапи од црвените линии, односно од  име за севкупна употреба.

„Ние бараме решение за клучното важно прашање за името на соседната држава со два основни предуслови: сложено име за севкупна употреба, а тоа значи дека не може да биде само за надворешна употреба, туку и за внатрешна, односно промена на уставното име.

 Мицотакис го критикуваше Ципрас дека во разговорите за името воопшто не ја вклучил опозицијата и дека свесно го поделил грчкиот народ, нарекувајки ги оние кои притестираа во Солун и Атина  како ултранационалисти .