Фудбал
10. November 2016 - 20:18

Жесток сервис на првиот тренинг во Гранада

Фудбалските репрезентативци на Македонија на тренинг--центарот на ФК Гранада го одржаа и првиот тренинг  во Шпанија.

Играчите во неколку групи се натпреваруваа во сервис на мрежа. Секако дека најмногу внимание привлече мечот помеѓу најискусните.  Во едната екипа Пандев, Ристовски и тренерот Бекири во дуел со Шиков, Несторовски и селекторот Ангеловски. 
Жестока битка понекогаш дури и кавга за секој поен што потврди дека „рисовите“ се подготвени за натпревар и битка на теренот и со големиот фаворит Шпанија. 
На крајот триумф на екипата на Шиков а победникот се разбира ќе добие вечера.