Македонија
7. December 2017 - 16:44

Жерновски почувствувал страв, Груевски не видел насилство во Центар

Почна доказната постапка во случајот на СЈО за насилства во општина центар од 2013г. На рочиштетот сведочеше екс градоначалникот на општината андреј Жерновски. Со целосно спротиставени тврдења истапија оштетениот Жерновски и екс премиерот Никола Груевски кој е првообвинет во случајот. Жерновски сведочеше дека протестите биле нарачани од ВМРО ДПМНЕ со кои била загрозена неговата безбедност на што Груевски тврди  дека се работи за случај кој е очигледен политички прогон бидејќи никакво насилство не му било направено на екс градоначалникот.

Според СЈО одбраната има намера да ја одолговлекува постапката.

Инаку рочиштето се снимаше со две камери. Судијката на почетокот изјави дека судењето се снима со рачна камера, но само визуелно, а не и тонски. Еден од адвокатите приговараше  на начинот на кој се води засписникот и покрај видео записот. Тој побара да бидат потпишани претходните записници бидејќи на истите немало потпис од странките а поради тоа немаат правно дејство. Судијата го одби ваквото барање. На следното рочиште, кое е закажано за 18 декември, Жерновски ќе одговара на прашања на адвокатите на одбраната.