Бизнис
8. March 2016 - 20:16

Жените во Македонија се директорки на градинки и училишта, мажите менаџираат со големи компании

Се помалку жени на раководни позиции. Само 12 отсто од нив се избориле да бидат на врвот и да управваат со работата во институциите . Најчесто тоа е или градинка или училиште.  Во поголемите компании ги нема. Уште еден проблем со кои се соочува жената во општествотот е  што тешко може  да го развие сопствениот бизнис.

Најмногу околу 30 проценти од  микро и малите фирми се основани  токму од жени.  Но најчесто остануваат како мали компании  со  по двајца вработени,  затоа што  жената нема доволно едукација и ресурси да ја шири својата дејност, велат од ССК.

Од здружението на жени потенцираа дека сеуште на некој места постои и мобингот на жената но многу малку се зборува за тоа. Во некој дејности дискриминирани се и во однос на примањата. Од конфедерацијата на рабодовачи потенцираа дека во бизнсиот нема поделеност, но се сложуваат дека треба уште да се работи на  родовата еднаквост