Бизарно но вистинито
26. January 2018 - 13:22

Жените полудеа по овој нов бизарен тренд и се мачкаат со менструална крв за да ја сочуваат убавината и младоликоста

Јасмина Џејд себе си се нарекува "крвава вештерка", тврди дека пронашла најдобар начин за жените да ја сочуваат својата младост.

Нејзиниот третман во исто време воодушевил и заинтересирал многу луѓе на социјалните мрежи бидејќи подразбира нанесување на менструална крв по лицето за да се сочува неговата убавина и младоликост.

Џејд сака сите ширум светот да го испробаат овој бизарен метод и резултатите да ги споделат со своите пријатели на социјалните мрежи.

 

A post shared by Yazmina (@yazmina.jade) on

И не само тоа, таа тврди дека секоја жена остварува "крвна врска" со  која ќе го послуша нејзиниот совет.

- Кога го објавив мојот рецепт на интернет, ми се јавија многу жени кои сфатиле колку им е срам од својот менструален циклус. Мислам дека на овој начин жените можат да си ја повратат својата женственост. Најважна работа е овде поврзаноста низ крвната врска и меѓусебното мотивирање, објаснува таа.

Една од жените која го видела нејзиното видео одлучила да го испроба контроверзниот рецепт.

- Имав чувство како воопшто да не сум поврзаа сама со себе и дека во себе носев многу срам поради менструалниот циклус. Третманот ми помогна повторно да ја прифатам својата женственост и својот живот и мислам дека на тој начин и другите жени можат да го постигнат истото, објаснува Емаџејн Лав која го пробала овој третман.