Живот
31. August 2016 - 10:13

Жена здогледала кеса со ѓубре како се мрда среде патот, не можела да верува што пронашла!

Малиса Сержент Луис доцнела на работа па решила да оди по пократок пат.

Додека возела по патот, забележала необична појава - кеса со ѓубре како се мрда.

Тоа што го пронашла внатре и го скршило срцето.

- Видов кеса на патот и помислив: „Дали само што видов кеса што се помрднува?“. Кога се приближив сфатив дека навистина се поместува, изјави Луис.

Сфатила дека во кесата има нешто живо и морала да провери за што се работи.

Се доближила и видела мало црно кученце со каиш околу вратот. Го земала со себе и објавила дека кученцето е пронајдено. Меѓутоа, уште никој не се јавил.

Малиса и нејзиното семејство одлучиле да го посвојат кучето и да се грижат за него.