Балкан
22. May 2017 - 14:14

Жена се бори за живот: Со нож ја нападнал родениот син

На градското корзо во Тузла денеска околу 12 часот 42-годишна жена со иницијатали А.Д.А. е избодена со нож.

Оперативниот центар на полицијата поднесе пријава против машко лице кое на женското му нанело повреди с нож. Повредената жена е пренесена во Клиничкиот центар во Тузла.

Според зборовите на очевидци, на немилиот настан му претходела вербална расправија меѓу жртвата и напаѓачот, односно мајката и синот, кои се наоѓале во еден од угостителските објекти.

Недолго по случувањата мажот кој е уапсен е префрлен во просториите на МВР каде полициските службеници вршат криминалистичка обработка.