Македонија
1. August 2017 - 10:39

Жена се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено се случила вчера на патот Скопје-Тетово околу 16:20 часот.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Шкода“ управуван од В.Н. (48) од Скопје и „Голф 3“ кој го возел 22 годишниот скопјанец Б.Р. Со тешки повреди во несреќата се здобила сопатничката во Голфот, С.Р.

Жената била пренесена во ГОБ „8 Септември“ и се наоѓа во животна опасност. На местото на настанот извршен е увид.