Живот
21. November 2017 - 14:59

Жена без градежничко искуство - Со видеа од Јутјуб изградила куќа на два спрата

Веројатно е тешко да се замисли како жена без некакво градежничко искуство би можела да изгради куќа на два спрата и пет соби, исклучиво со помош на Јутјуб видеа.

Кјара Бруклин и нејзините четири деца се жив доказ дека тоа е можно.

Нејзиниот најстар син Дру ѝ помогнал да го изработи нацртот на куќата, а потоа и да добие одобрение за изградба од страна на градот.

Нејзината ќерка Џејда помагала така што носела вода од соседскиот рибник и мешала бетон за темелите, додека нејзината втора ќерка подготвувала храна за сите.

Со ваквата работа, семејството успеалo за девет месеци да изгради куќа. Тие минале низ сите фази: од копање темели до ѕидање на ѕидовите на куќата.

Откако инспекторите дошле во обиколка, тие биле изненадени како сето тоа било професионално изработено, не верувајќи дека тоа го изградила една мајка без никакви познавања за градежништвото.

Домот кој има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални соби и два спрата го нарекле “Inkwell Manor”, а куќата денес вреди околу половина милион долари.

Како изгледала изградбата, а потоа и самата куќа, погледнете во продолжение: