Македонија
22. March 2018 - 15:40

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија се одвива нормално

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија се одвива нормално и без прекин и не се точни информациите дека железничкиот сообраќај Скопје-Велес-Гевгелија е во прекин, информира ЈП Македонски Железници-Инфраструктура.

- Нашите екипи на 14 март кога имаше одрон на карпите на пругата Велес-Гевгелија, односно помеѓу станиците Велес-Згрополци, веднаш излегоа на терен со целата механизација и за краток временски период во целост ја расчистија пругата од карпите. Со брзото расчистување на пругата, работниците на ЈП Македонски Железници-Инфраструктура овозможија железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија да функционира нормално уште од 15 март, односно само еден ден после одронот на карпите, посочуваат од МЖ-Инфраструктура.