Спорт плус
29. August 2015 - 9:07

Железарец и Бен Гурион за првото место

Македонскиот шампион во футсал Железарец вечерва од 20 часот во СРЦ Кале го игра вториот натпревар во групата за пласман во следната рунда од Футсал купот (Лигата на шампионите во футсал).

По победата од 4:0 на Аугур од Естонија, следен ривал им е израелскиот првак Бен Гурион, кој синоќа со 4:1 го совлада Аугур.
Само првопласираната екипа во група ќе ги продолжи натпревари. 
Според досегашните резултати Железарец е фаворит, а притоа и нерешен резултат и одговара на нашата екипа за првата позиција.