Бизнис
15. February 2017 - 19:39

Жбогар: Брисел внимателно ја следи состојбата на македонско - грчката граница, Евзони и натаму под блокада

Граничниот премин Евзони и понатаму останува целосно затворен, а на Дојран се пропуштаат само патнички возила. 

Засега единствено  Меџитлија е отворен за  сообраќај на сите видови возила.

За моменталната состојба со блокадите од страна на грчките земјоделци и проблемите со кои се соочува бизнис секторот,  но и граѓаните од пограничните региони денеска во Гевгелија се информираше и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тој  потенцираше  дека Европската Унија и Брисел внимателно го следат проблемот и во најскоро време очекува реакција и негово решавање.

-Мислам дека луѓето во Брисел многу внимателно и одблиску ја следат ситуацијата во врска со овој проблем и сите се обидуваме начини како да бидеме корисни во решавање на овој проблем, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар

Блокадата на граничниот премин Евзони грчките земјоделци ја поставија пред 17 дена.

Заега нема инфмормации до кога истата ќе остане активна и  во која насока ќе се одвиваат протестите.