Џет-Сет
6. October 2017 - 17:46

Жареше и палеше во Југославија, но ова никој до сега не го знаеше за Ален

Вистинското име на пејачот на Бело Дугме не е Ален Исламовиќ, како што сите досега веруваа, туку Алија.

Препознатливиот глас и одличните гласовни можности беа сигурна иднина во музичката кариера на Исламовиќ во седумдесетите години од минатиот век. Но, тоа сепак не било доволно на менаџерите и раководителите на дискографските куќи, кои го советувале пејачот да користи друго име во јавноста, бидејќи неговото име не е доволно „звучно“. Така го добил своето ново име - Ален.

Пејачот и сам го потврдил тоа.

-„Точно е. Нема ништо чудно во тоа, многу светски ѕвезди одбираат друго име со кое ќе се претстават во јавноста, најчесто некое кое звучи попримамливо.

Така беше и во мојот случај.“ - изјавил пејачот.