Балкан
21. September 2015 - 23:19

Жална вест - Почина сопругата на поранешниот премиер

Зорица Радовиќ, сопругата на Војислав Коштуница, некогашниот претседател на СРЈ и премиер на Србија, почина денес по долга и тешка болест во Белград, пишува српскиот портал Србија Данас.
 
Зорица по професија била доктор на правни науки, експерт за уставно право. Работеше како виш научен соработник на Институтот за компаративно право, а од 1997 година во Институтот за европски студии.
 
Таа со Коштуница била во брак 28 години.