Македонија
6. December 2017 - 16:46

Жална вест: Исчезнатата професорка Снежана Тројачанец пронајдена мртва

Педесет и две годишната професорка на Земјоделскиот факултет во Скопје Снежана Тројачанец е пронајдена почината. Информацијата е споделена на социјалните мрежи во име на синот на Снежана.

Инаку Снежана Тројачанец (52) вчера утрото во 6 часот излегла од семејниот дом и не се вратила дома. Нејзиниот сопруг П.Тројачанец шест часа потоа помош побарал од полицијата.

За нејзиното исчезнување сопругот ги известил полициската службеници во полициската станица во Ѓорче Петров. На полицијата ѝ кажал дека таа излегла од дома и заминала во непознат правец.

Според нејзиниот сопруг, Тројачанец се лекува од депресија и таа последниот месец не излегувала од дома и била на домашно лекување.