Балкан
26. August 2016 - 9:12

Зградата опколена, полицијата не дава никој да излезе - Се бара напаѓачот од Србија

Вистинска драма се одвиваше вчера во Нови Белград каде вооружен маж пукаше во автомобили. Полицијата и понатаму е распоредена на улиците, се чека на готовс, а кај луѓето и понатаму владее паника.

По непроспиената ноќ на полицијата, тие сеуште го чекаат монструмот кој вчера сееше страв, пред солитер во блокот 45, кој има 90 станови и 14 ката.

Полицијата утринава ги добила и снимките од надзорните камери во близина на зградата. Станарите велат дека не го познаваат напаѓачот.

Солитерот и утрово е опколен, а полицијата не дава на никој да влезе и излезе од зградата. Се сомневаат дека вооружениот маж се крие на 11 кат и дека можеби има заложници.

Инаку, хоророт се случи вчера во 20 часот кога вооружен маж отвори оган и пукаше во најмалку четири возила.