Македонија
24. December 2015 - 16:28

Зголемување на платите на медицинските сестри

Од февруари повисока плата ќе добиваат над 500 здравствени работници со завршено високо стручно образование. Медицинските сестри, рентген техничарите, физиотерапевтите, лаборантите со кои во меѓувреме завршиле факултет покачување за околу 2000 денари покрај февруарската, ќе имаат и на јунската и декемвриската плата во 2016, односно вкупно 6000 денари. Ова ќе се овозможи со потпишаниот анекс на колективниот договор меѓу министерството и самостојниот синдикат за здравство.

-- Ова е многу значајно имајќи ја во предвид важноста на нивната улога во здравствениот систем. Со Законот прецизно се дефинира конечниот модел на образование и можностите за континуирана стручна едукација, содржината, начинот и условите за вршење на сестринската и акушерската нега, должностите на сестрите и акушерките, како и прекршочните одредби за неправилно извршување на нивната дејност. Измените на колективен договор се уште еден чекор напред во насока на подобро функционирање на здравствениот систем и подигнување на нивото на задоволство и кај самите здравствени работници, и кај пациентите, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Со покачувањето на платата ќе биде опфатен средниот медициснки персонал ако до 30 ноември завршиле факултет.

- Сите нови кои ќе завршуваат во 2016 година нема да бидат во овој процес. Тие ќе бидат во наредниот бран. Ова е за оние кои завршиле до 30 ноември 2015 година, изјави  Љубиша Каранфиловски. претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Инаку преку проектот за едукација на медицинскиот песонал досега на обука во странски болници биле  753 медицински сестри, физиотерапевти, техничари. Се едуцирани во врвни медицински центри во Словенија, Турција, Бугарија, Германија