Македонија
24. May 2017 - 11:19

Зголемено нивото на реката Струмица поради врнежите

За 30 сантиметри е зголемен водостојот на реката Струмица во Сушево поради интензивните врнежи дожд во текот на вчерашниот ден, соопшти УХМР.
 
Нивоата на останатите реки во Македонија не се драстично променети и генерално се под просекот за мај.
 
Речиси четири пати понизок е водостојот на Вардар кај Јегуновце и изнесува 34 сантиметри за разлика од мајскиот просек кој е 116, додека Црна Река кај Новаци, Треска кај Македонски Брод и Црн Дрим кај Ложани бележат двојно помало ниво.