Македонија
20. March 2018 - 10:39

Зголемени нивоата на сите реки, освен на Црна

Двојно зголемени во однос на просекот за март се нивоата на Вардар кај Зајчев Рид, Треска кај македонски Брод, Пчиња кај катлановска Бања и Сатеска кај Ботун, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Покачувања бележат и другите реки, освен Црна чиј водостој е понизок од просекот, а зголемени се и нивоата на Охридското и Преспанското езеро