Свет
22. March 2016 - 10:08

Зголемени безбедносните мерки на аеродромот во Франкфурт по експлозиите во Брисел

Германската полиција ги зајакна денеска безбедносните мерки на аеродромот во Франкфурт, кој е најголем во Германија, по денешните експлозии во Брисел.

Според полицијата, на аеродромот се распоредени околу 2.500 полицајци.

Зголемени мерки за безбедност се воведени денеска и на аеродромот „Роаси“ во близина на Париз.