Зголемена граѓанската одговорност за одлагање на електронскиот отпад
Жителите на општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци покажале голема свесност и граѓанска одговорност за складирање на електронскиот отпад преку акцијата која ја спроведе „Елколект“.
Од Елколект информираат дека со цел да ги стимулираат жителите на општините правилно да го одлагаат и селектираат електронскиот и електричен отпад организирале и наградна игра за која вчера биле познати добитниците. Во секоја од петте општини биле организирани соодветни настани на кои присуствувале и дел од учесниците.
Преку наградната игра со која во секоја од општините беа деделни по еден лап топ, телевизор и правосмукалка, од Елколект нагласуваат дека сакаат да ги пттикнат граѓаните својот електричен и електронски отпад да го оставаат на пропишаните места, а воедно потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација