Македонија
24. November 2017 - 10:55

Зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце и Скопје

Водостојот на Вардар кај Јегуновце е осум сантиметри, а кај Скопје четири сантиметри повисок од вообичаениот за ноември. На мерните места во Велес и Демир Капија нивото на реката е понсико за пет, односно за 13 сантиметри од повеќегодишниот просек за овој месец, покажуваат резултатите од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи УХМР.

Според УХМР, нивото на Дојранското Езеро е за речиси два метра, а на Охридското за три сантиметри повисоко од вообичаеното, додека на Преспанското е пониско за 21 сантиметар од просекот за ноември.