Македонија
30. July 2016 - 9:06

Зголемен прометот во трговијата на мало

Прометот на трговијата на мало во јуни годинава е зголемен во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,1, а реално за 9,5 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 18,6, а реално за 16,1 проценти) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13,8, а реално за 14,3 отсто).