Бизнис
16. September 2016 - 19:56

Зголемен интересот за осигурување на домот од земјотреси

Енормно зголемено осигурувањето  од земјотрес.  Стравот од потресите кои изминативе денови го погодија главниот град, ги натера  граѓаните  да купуваат полиси за осигурување од ризик земјотрес.

Граѓаните досега немале навика за ваков тип на осигурување . Од вкупно 45 илјади осигурувања на имот на ниво на држава, само 8,6 отсто или 3.800 домаќинства имаат купено дополнително осигурување од земјотрес.

Паралелно расте и продажбата на полиси за осигурување од поплави, откако минатиот месец силно невреме го погоди Скопје кое нанесе големи штети. Инаку најкупувани полиси се најевтините , кои вклучуваат само основни ризици како што се пожари, удар од гром, експлозија , кражби  слично. Од агенцијата се надеваат дека по поплавите и серијата земјотреси ќе се зголем свеста кај граѓаните за осигурување од елементарни непогоди.