Зголемен бројот на туристи во октомври за 12,6 отсто
Бројот на туристи во октомври годинава изнесува 69.412, а на ноќевањата 155.719, што во однос на октомври лани претставува зголемување за 12,6 отсто, односно за 9,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистик.
Кај бројот на домашни туристи статистиката во октомви годинава споредено со октомври лани регистрирала зголемување за 12,3 отсто, а кај странските од 12,8 отсто. Пораст од 13,5 проценти има кај бројот на ноќевања на домашните туристи, а од 6,4 проценти на ноќевањата на странските туристи.
Во периодот јануари - октомври годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за пет проценти, кај домашните за 5,3 проценти, а кај странските за 4,8 проценти. Во првите десет месеци годинава бројот на ноќевања е зголемен за 2,7 отсто, кај домашните туристи за 3,7 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња