-->
-->
Зголемен бројот на туристи
-->
За пет отсто е зголемен бројот на туристите во Македонија, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-ноември 2016 година во однос на истиот период во 2015-та, кај домашните туристи бројката е зголемена за 5,3, а кај странските за 4,8 проценти.
Бројот на туристите во ноември 2016 бил 44.162, а бројот на ноќевањата 97.980 што во однос на истиот месец во 2015-та е пораст за 5,7 и 3,4 отсто.
Бројот на домашните туристи во ноември 2016 година во однос на ноември 2015 година е зголемен за 5,3 проценти, а на странските за 5,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година во однос на ноември 2015 е зголемен за 7 отсто, а на странските за 0,1 процент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација