Зголемен бројот на странски и на домашни туристи
Во периодот јануари-ноември 2015 година во Македонија се евидентирани 775.734 туристи или 10,3 отсто повеќе во однос на истиот период од 2014 година, кога се регистрирани вкупно 703.237.
Според Државниот завод за статистика, бројот на странски турсти е зголемен за 13,9 отсто и изнесувал 461.802, а на домашните 313.390 или за 5,4 прценти повеќе од претходната година.
Во истиот споредбен период, зголемен е и бројот на ноќевањата, за 8,7 отсто, односно кај домашните туристи за 6,2, а кај странските за 12,3 проценти.
Во ноември 2015 година Македонија евидентира 41.793 туристи или 14,6 отсто повеќе од истиот месец 2014-та, додека бројот на ноќевањата бил 94.736 што е зголемување од 16,5 проценти.
Бројот на домашните туристи е зголемен за 18,3 отсто, а на странските за 12,2 процента. Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е зголемен за 26,2 отсто, а на ноќевањата на странските за 8,8 проценти.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите