Македонија
15. October 2015 - 16:03

Зголемен бројот на пожарите во кочанскиот регион

Бројот на пожарите во Кочанско од почетокот на годината до денес е зголемен на 195 интервенции што е двојно повеќе од истиот период лани.
 
Најмногу пожари се регистрирани на отворен простор со опожарување на земјоделски површини, а помал е бројот на пожарите на објекти, беше истакнато на денешната прес-конференција на командирот на кочанската територијална противпоижарна единица Дејан Асов, во пресрет на почетокот на грејната сезона.
 
- Најголем број од интервенциите за предизвиканите пожари се регистрирани во општина Кочани 155, додека 29 интервенции во општина Чешиново Облешево и 11 интервенции во општијана Зрновци. Притоа се опожарени 275 хектари површина од шума, и нискостеблестри растенија, истакна Арсов.
 
Тој додаде дека неисчистените оџаци во куќите и зградите  се причина за 23 интервенции на кочанската противпожарна единица и апелираше за навремено чистење на оџаците за да не дојде до  пожари.