Зголемен бројот на паркиралишта и гаражи во 2016
Во 2016 година бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање изнесува 254 со површина од 701.194 метри квадратни.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, 24.743 места за паркирање се на отворен простор, а 3.905 места за паркирање има во покриените гаражи. Во катните гаражи има 4.966 места за паркирање.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со 2015 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 1,2 отсто. Во истиот период бројот на местата за паркирање е зголемен за 9,5 отсто, во покриените гаражи зголемувањето изнесува 1,6 отсто, а во катните гаражи бројот на местата за паркирање е зголемен за 2,5 отсто.
Во 2016 година бројот на местата за паркирање на отворен простор за лицата со посебни потреби изнесува 488, во покриените гаражи 69, а бројот на местата за паркирање за лицата со посебни потреби во катните гаражи е 59.
Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Македонија и паркиралиштата на општините.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација