Свет
21. February 2017 - 8:22

Зголемен бројот на кандидати за азил од САД во Квебек

Канадската полиција соопшти дека е зголемено нивното присуство на границата на Квебек со САД и пограничните власти изградиле времен бегалски центар каде ќе бидат регистрирани се поголемиот број кандидати за азил кои доаѓаат од САД.

Пограничната служба и канадската полиција преместуваат свои службеници од други региони на Канада во провинцијата Манитоба за да може да се справат со се поголемиот број бегалци.

Бројот на лицата кои побарале азил на гранични пунктови меѓу САД и Квебек е зголемен двојно меѓу 2015 и 2016 година. Минатиот месец 452 лица поднеле молби во споредба со 137 во јануари 2016 година.