Балкан
24. July 2017 - 21:03

Зетот ја пронашол тештата искасапена: Ја заклал жената поради пораки на Фејсбук

Љубомората завчера беше причина за уште една семејна трагедија во Банатски Карловац. Бесен поради преписка на жената со еден маж од Виена, Ратко Јовановиќ (52) со нож и го исекол вратот на сопругата Драгана (44), а потоа си пресудил на себе.

Ужасното злосторство се случило во семејната куќа во Банатски Карловац, а според првичните информации, мотив е љубомора.

Ратко се сомневал дека Драгана запознала друг маж додека била на привремена работа во Австрија и по нејзиното враќање во Србија, тој ја прискал да признае дека го мамела. Но жената не го направила тоа и тој и го пресекол вратот. Кога видел што направил почнал со истиот нож да се боде сам себе.

Ужасната глетка ја открил идниот зет на брачната двојка Јовановиќ.

-Момчето на постарата ќерка на Ратко и Драгана повикал итна помош и полиција. Тој ја видел закланата жена и Ратко како во бес се боде секаде по своето тело, вели извор.

Меѓутоа несреќната жена починала на пат до болница. Зад себе оставија две полнолетни ќерки.

Наводно Ратко ја убедувал сопругата повеќе да не оди да работи во Виена, а таа сакала да продолжи да оди таму.

Ова е трет случај овој месец во Србија кога мажи се пресметале со своите сопруги па и деца.