Фудбал
27. April 2017 - 18:44

Зендели со одбранет пенал му донесе победа на Шкупи против Работнички

 
 Со одигрувањето на натпреварот меѓу Работнички и Шкупи комплетирано е 29.коло во Првата македонска фудбалска лига. 
 
На средбата одиграна попладнево на стадионот во Ѓорче Петров, екипата Работнички загуби од Шкупи со 1:0, но јунак на екипата од скопската населба Чаир беше голманот Суат Зендели. 
 
Во првиот дел односно 43.минута Бесар Исени му донесе предност на Шкупи од 1:0. Иницијативата која ја имаа фудбалерите на Работнички можеше да биде крунисана со гол во четвртата минута од судиското дополнение, кога беше досудена најстрога казана за „романтичарите“.
 
Сепак, ударот на Филип Ивановски од пенал го одбрани гостинскиот голман Зендели, а резултатот остана непроменет 0:1 за Шкупи. 
 
На натпреварите кои се одиграа вчера, беа постигнати следниве резултати: Шкендија - Вардар 3:1, Македонија ЃП – Ренова 1:3, Победа – Силекс 1:0 и Брегалница – Пелистер 1:1. 
 
Табела: Вардар 68 бодови, Шкендија 58, Работнички 47, Пелистер 41, Ренова 41, Силекс 36, Шкупи 32, Победа 26, Брегалница 20 и Македонија ЃП 19.