Македонија
16. October 2016 - 11:00

Земјотресот од Грција почувствуван во неколку градови во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, вчера во 22 часот и 14 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда 5.5 и бил почувствуван во Охрид, Струга, Ресен и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.