Земјотресите предизвикаа страв и вознемиреност кај граѓаните
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет потврди дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, денеска регистрираа серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 90 км југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентралното подрачје Илинска – Плакенска Планина.
Како што информираат, три од овие земјотреси беа почувствувани и тоа првиот во 18 часот и 33 минути и беше со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала и вториот земјотрес во 18 часот и 41 минута со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Двата земјотреса беа почувствувани во епицентарот со интензитет од VI степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, а во Охрид и Крушево со интензитет од V-VI степени, Прилеп, Битола и Дебар со V степени, Гостивар, Тетово, Скопје, Велес, Св.Николе со IV степени според истата скала.
Третиот земјотрес во 19 часот и 16 минути беше послаб, односно со Рихтерова магнитуда од 4 степени, а беше почувствуван со интензитет во епицентарот од IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, Охрид и Крушево со интензитет од III степени според истата скала.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица