Свет
21. January 2017 - 11:37

Земјотреси на секои 20 минути: Утринава тлото се тресе

Како и секое утро, така и ова, многу потреси се регистрирани на Балканот и во цела Европа.

По силниот земјотрес од 5,4 степени според Рихтер во Италија, сеуште има земјотреси како афтершокови и тоа на секои дваесетна минути. Регистрирани се повеќе потреси со јачина од 3 степени.

Се тресат и повеќе делови на Турција, а повеќе потреси од синоќа се забележани и во Грција, со јачина од 2 и 3 степени според Рихтеровата скала.

Се стресе и Кипар, а потресот тука бил со јачина од 2,1 степени по Рихтер.