Македонија
15. July 2017 - 16:02

Земјотрес во Скопје

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран денеска во 12 часот и 44 минути во скопското епицентрално подрачје, информриа Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентар на земјотресот се наоѓа на 5 километри  западно од централното подрачје на град Скопје.

Потресот е почувствуван од граѓаните на Скопје, претежно на западниот дел од градот.