Македонија
12. January 2018 - 20:17

Земјотрес во околината на Каратманово и Велес

Земјотрес со магнитида од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 19:07 минути на 45 километри југоисточно од Скопје од велешкото епицентрално подрачје.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван од населението во околината на Каратманово и Велес, со интензитет од четири степени според Европската Макросеизмичка Скала.