Свет
8. November 2016 - 8:47

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтеровата скала регистриран е во Индискиот Океан, близу брегот на Индонезија, соопшти Американската геолошка служба.

Според нивните податоци, епицентарот на земјотресот е регистриран на 172 километри југозападно кон провинцијата Западна Јава, на длабочина од 10 километри.

Како што пренесува ТАСС, нема податоци за повредени или причинета материјална штета.