Свет
2. August 2017 - 12:03

Земјотрес предизвика страв и паника во Чиле

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во главниот град на Чиле, Сантјаго.

Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри североисточно од Сантјаго,

Чилеанската служба за вонредни ситуации соопшти дека земјотресот не предизвикал материјална штета, а чилеанската морнарица наведе оти земјотресот не предизвика цунами.

Во земјотресот нема повредени и загинати лица.

Земјотресите во Чиле се чести бидејќи земјата се наоѓа во пацифичкиот огнен прстен.