Свет
19. January 2017 - 9:56

Земјотрес предизвика лавина во Италија, затрупан хотел, се бројат загинати

Италијанските спасувачки служби соопштија дека повеќе лица загинаа откако лавина затрупа хотел, во регионот Абрузо, која според првичните информации била предизвикана од земјотрес.

Цела ноќ, спасувачките екипи буквално се „бореле“ за да стигнат до затрупаните гости во хотелот.

-Голем број на лица го загубија својот живот, соопштил Антонио Крокета.

hotel-lavina

Во хотелот имало околу 30-на гости, во моментот кога лавината го затрупала хотелот. А поради наносите на снег на спасувачките екипи им биле потребен долг временски период за да стигнат до хотелот, стигнале дури во 4 часот наутро.

hotel-lavina.jpg2

Инаку вчера Италија ја погодија четири силни земјотреси.