Бизнис
28. November 2016 - 20:17

Земјоделското производство да се модернизира за да биде конкурентно

Земјоделците мора да го модернизираат своето производство доколку сакаат да извезуваат на странските пазари. Како што посочуваат од Стопанската комора  критериумите за пласман на производите се се построги, а осовременувањето на аграрот бара итна примена на ИТ технологии. 
Според истражувањето на комората во земјава има намалување на засеаните површини кај повеќето култури, кај пченицата, јачменот пченката и лозјето. Зголемување има кај оризот за 2500 ха. Во однос на производството стабилно производство има кај тутунот а зголемено кај скоро сите градинарски култури.
 
- Во градинарството, пораст во физичкиот обем на производството е остварен скоро кај сите култури, најголем пораст се оствари ка производството на пипер од 34% , а кај доматот од 22% во 2015 година во однос на 2005 година. Постигнатите резултати во физичкиот обем на производство главно произлегуваат од поголемиот принос по единица површина (од 16 тони/ха во 2006 на  22 тони/ха во 2015 година кај пиперот, кај доматот од  20 тони/ха во 2006, на  30 тони/ха во 2010 година), а со мало зголемување на засеаната површина (пипер од 8.200 на 8.600 ха, домат од 5.600 на 5.700ха) , стои во истражувањето на Комората.
 
Намалување има кај добиточниот фонд. Бројот на говеда во последните 10 години се намалил за околу 4 отсто.
 
- Матичното стадо гледано преку бројот на крави и стелни јуници е намалено за 4.5%, или за 7.000 грла. Бројот на овци е намелен за 70%, на живина за 18%, а бројот на свињи забележа пораст од 7%, но матичното стадо – бројот на маторици и спрасни назимки остана на исто  ниво. Бројот на пчелни семејста оставри пораст од скоро 12%, истакнуваат од СКМ.
 
И покрај намалениот број на грла истражувањето покажува дека во последните 10 години производството на кравјо млеко е зголемено за 83 отсто. Кај производството на месо пораст е забележан само кај свинското за 21 %