Бизнис
19. јуни 2017 - 20:54

Земјоделските полиси и натаму неинтересни, расте бројот на каско полисите

По неколку годишниот пад, регистрирана е зголемена продажба на каско осигурувањето. Во првиот квартал продадени се над 10 илјади полиси за каксо осигурување, 2 проценти повеќе од лани. Од агенција за супервизија на осигуреници велат дека ваквата состојба се должи на зголемената продажба на  возила од авто салоните.

За 75 отсто се зголемени и приходите од продажбата на полисите за осигурување на земјоделските посеви.  Но од агенцијата велат тоа   главно се должи на поскапувањето на ваквите полиси.

Дневно до осигурителните компании се пријавуваат  од 100 до 150 штети на автомобили предизвикани  од невремето и градот кои пред неколку дена го зафати Скопје. Но од агенцијата  потенцираа дека штетите ќе им бидат покриени на сите оние кои имаат каско осигурувањеод ризики град. Само со полисата за автоодговорноста која е задолжителна нема да може да се направи обештетувањето.

- Поплавите и земјотресите кои лани ја зафатија земјава за 50 отсто ја зголемиле продажбата на полиси за осигурување од овие ризици.