Македонија
18. January 2018 - 20:43

Земјоделците од струмичко со помош на УСАИД ќе учат како да го подобрат производството

Со примена на современи агроеколошки мерки до подобро и поквалитетно производство. Земјоделците од струмичко - радовишкиот регион ќе се обучуваат како да ја намалат  примената на агрохемикалии во водата за наводнување со што ќе се намали штетното влијание врз животната средина и ќе се заштитат воднте ресурси во сливот на река Струмица. Обуката содржи интензивен теоретски и практичен дел кој епланирано да  трае до крајот на март2018 година и во неа се вклучени повеќе од 80 земјоделски производители. Од нив  ќе бидат избрани најмалку 30 грантисти, 10 за овоштарство и  20 за градинарство кои ќе добијат грантови во висина до 300 000 денари.

- Цел е да земјоделското производство да се постави на една поодржлива основа во смисла да се оптимизираат оние импути и оние активности кои што доведуваат до одредена деградација на природните ресурси како што се почвите и водите. Во овој случај со овој проект основа цел е заштитата на водните ресурси, вели проф. доктор Душко Мукаетов

Поддршката за земјоделците ќе биде преку набавка на современа земјоделска опрема  како што се системи за микронаводнување, уреди за следење на влажност во почвата, системи за фертиригација, опрема за следење на појавата на болести и штетници. Идејата на програмата е избраните пилот фарми да станат пример за современо и одржливо земјоделско производство, што ќе може понатаму да се пресликува на многу поголема земјоделска површина во сливното подрачје.

Обуката за воведување на агроеколошки мерки е дел од вториот циклус, а се реализира во рамки на проектот за управување со сливот на река Струмица преку програмата на УНДП во партнерство со центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.