Бизнис
28. March 2017 - 18:31

Земјоделците очекуваат од утре да ги добијат субвенциите

Земјоделците очекуваат од утре да ги добијат субвенциите. Од Платежната Агенција информираат дека налозите веќе се потпишани и префрлени  во Министерството за фанансии и трезорот. Можно е дел од нив парите да ги добијат уште денеска.

Производителите во исчекување, се надеваат дека конечно ќе се надмине блокадата која ја предизвика политичката криза.

Според планираното субвенциите први ќе ги добијат оние на кои што не им се исплатени  од 2015та година. Се работи за мал процент како што информираат од ресорното министерство. Паралелно ќе продолжи и исплатата за 2016.

Од министерство потсетуваат дека субвенциите се исплаќаат за производствената година, односно за 2016 треба да се исплатат најдоцна до 30 јуни годинава.

Ако и овојпат се пробие рокот за исплата на субвенциите ќе се нанаесат сериозни штети на македонскиот аграр. Дел од земјоделците доцнат со пролетната сеидба односно голем дел од нивите ќе останат непосеани.

Исплатата на субвенциите е стопирана речиси половина година. Се чекаше на нова Влада се додека Антикорупциската комисија не пресече со став дека исплаќањењто може да продолжи.