Земјите од Африка и од Блискиот Исток најподложни на терористички напади
Податоци на Глобалниот индекс на тероризам на австралискиот Институт за економија и мир покажуваат дека со најголем број терористички напади се соочуваат земјите во Африка и на Блискиот Исток, додека балканските држави се меѓу оние со најмал ризик од тероризам.
Според тие податоци, бројот на смртни случаи предизвикани од тероризмот во светот е намален за 22 проценти оваа година во однос на 2014 година.
Но, бројот на терористички напади во развиените земји е зголемен на 67 проценти. Иако, дури во 79 држави е намалено влијанието на тероризмот, на светско ниво ситуацијата е сериозна, односно забележан е раст на индексот поради нападите во Ирак, во Јужен Судан, во Турција и во Етиопија
Класифакцијата на земјите е изработена врз основа на четири фактори - вкупниот број на терористички напади во текот на годината, вкупниот број на смртни случаи предизвикани од тероризмот во 2017 година, вкупниот број на повредени по терористички напад годинава и проценката на вкупната штета предизвикана од таквите напади.
Мапата покажува дека најголем број на терористички напади се случуваат на африканскиот континент и на Блискиот Исток.
Петнаесет најзагрозени земји се Ирак, Авганистан, Нигерија, Сирија, Пакистан, Јемен, Сомалија, Индија, Турција, Либија, Египет, Филипни, Конго, Јужен Судан и Камерун.
Последните десет терористички напади се случија во Сирија, во Ирак, во Јужен Судан и во Авганистан, од кои седум се на ирачка територија.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени