Свет
1. July 2016 - 13:51

Земан се огласи за референдум за членството на Чешка во ЕУ и НАТО

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека во Чешка треба да се организира референдум за членството на земјата во Европската унија и НАТО по референдумот во Велика Британија, на кој беше изгласано излегувањето на државата од Унијата. 

Земан, кој напомена дека тој лично ќе гласа за останување на Чешка во двете организации нема надлежност да свикува референдуми. 

Тој сепак е влијателен лидер во една земја, во која мнозинството од избирачите се евроскептични. Чешка стана членка на ЕУ во 2004 година.

- Не се согласувам со оние кои се залагаат за напуштање на ЕУ, рече синоќа Земан на средба со граѓаните од источниот град Велке Межирици.

- Ќе сторам се што е во моја моќ тие да можат да ја изразат својата волја на референдум. Истото се однесува и на прашањето за излез од НАТО, додаде чешкиот претседател.