Македонија
4. October 2017 - 12:31

Земал шипка и почнал да ги тепа вработените - драма во една скопска продавинца

Вчера во Скопје околу 19 часот на улицата “Максут Садик“ во колонијална продавница, С.Н., кој бил во алкохолизирана состојба влегол во продавницата и побарал да биде услужен со алкохол, но од вработените 23-годишната П.А и уште едно 16 годишно лице не бил услужен.

С.Н. почнал вербално, а потоа и физички да ги напаѓа, најверојатно употребувајќи и метална шипка. Вработената и малолетникот се здобиле со повреди и со возило на итна медицинска помош се префрлени во Градската општа болница “8-ми Септември“, каде од страна на доктор им се констатирани телесни повреди, соопштуваат од полиција.

Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.