ЗЕЛС ќе избира ново раководство
Конститутивната седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија–ЗЕЛС ќе се одржи на 29 ноември 2017 година во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 12 часот.
Генералното собрание е највисокото тело на Заедницата и избира членови на Управниот одбор, кој ќе одржи кратка седница на која ќе избере претседател на Управниот одбор, кој воедно е и претседател на ЗЕЛС.
Генералното собрание на ЗЕЛС го сочинуваат вкупно 90 делегати, а секој делегат има право на еден глас. Градоначалниците по функција се делегати на Генералното собрание, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Делегати на Генерално собрание се и девет членови од редот на членовите на Комитетот на советите.
Во случај на спреченост на делегатот, односно заменикот на делегатот да присуствува на седницата на Генералното собрание, делегатот може да овласти член на Советот на општината да го менува на седницата, со сите права и обврски на делегат. Ова овластување се потврдува во писмена форма.
Досега функцијата претседател на Управниот одбор на ЗЕЛС ја извршуваше Коце Трајановски, а потпретседатели беа Зоран Дамјановски и Невзат Бејта.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација