Свет
18. March 2018 - 14:39

Зехофер: Да остане и да се прошири контролата врз границите на Германија

 Новиот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер сака контролата врз германските граници да се задржи на неопределено и да се прошири на останатите премини со што државата практично излегува од Шенгенскиот систем, објави Велт ам Зонтаг.

– Контролите врз границите кон соседите мора да останат толку долго на сила додека на Европската унија не и појде од рака ефикасна заштита и контрола на надворешните граници. Но, не гледам дека тоа во догледно време да успее, изјави Зехофер во интервју за весникот.

Тој најави дека контролите би требало да бидат проширени и на останатите германски гранични премини.

– Моментно не се многу гранични премини во  Германија трајно контролирани. Мораме да зборуваме за тоа - може ли тоа така да остане. Не се работи само за спречување илегални преминувања на границите туку и за останатите заштитни функции, изјави Зехофер.

Шенген-системoт на германско бараање сега е укинат само на германско-австриската граница и на барање на Данска, на германско-данската границ